Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

25

Во јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,5% на месечно ниво, а се пониски за 1,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јуни 2015, во споредба со мај 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,5%, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,0%.
Во јуни 2015, во споредба со јуни 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,8%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 2,4%.