Индекси на промeт во секторот трговија за февруари

22

online-store-3265497_960_720Фото: Pixabay

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,3%, а реално за 3,7%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7,7%, а реално за 5,4%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8,0%, а реално за 4,9%).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 2,7%, а реално за 5,9%).