Индекси на прометот во секторот трговија во јуни

15

trgovija

Фото: Pixabay

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,0%, а реално за 6,0%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 8,7%, а реално за 8,6%).
Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10,2%, а реално за 9,3%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 2,2%, а реално за 3,2%).