Индија, Бугарија, БиХ, Словенија и Либија нови градежни пазари за Македонија

16

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5.207.960 илјади денари што е за 0,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.997.546 илјади денари, што е за 119,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Франција, Холандија, Србија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија и Либија.