Индија со 610 милиони долари ги зголемува капацитети за производство на вакцини

21

Властите во Индија одвојуваат околу 610 милиони долари на производителите на вакцини Serum Institute of India и Bharat Biotech, со цел да ги зголемат производните капацитети со оглед на зголемената побарувачка за вакцини против коронавирусот.

Најголемиот светски производител на вакцини, Serum Institute of Indiа, ќе добие 400 милиони долари, а Bharat Biotech преостанатите 210 милиони долари, пренесува CNBC.

Парите ќе бидат исплатени во облик на бесповратна помош.

Фото: Pexels