Индискиот ИТ гигант троши милијарда долари за обука на персонал за вештачка интелигенција

32

Wipro, индиска компанија која обезбедува ИТ решенија и услуги за корпоративниот сектор, планира да потроши 1 милијарда долари за да обучи 250.000 вработени во областа на вештачката интелигенција, како и да ја интегрира оваа технологија во својата понуда на производи.

Трошењето, во текот на следните три години, вклучува и здружување на 30.000 вработени од тимови за аналитика и обработка на податоци, консултантски и инженерски тимови за да се интегрира технологијата во сите внатрешни операции и решенија што им се нудат на клиентите, се вели во соопштението на Wipro, а пренесува Блумберг.

Компаниите ширум светот ја прифаќаат технологијата за вештачка интелигенција за да останат во трката. Најголемата индиска ИТ компанија Tata Consultancy Services објави дека ќе обучи 25.000 инженери за работа со вештачка интелигенција.