Индивидуалните сопственици лани граделе 2.588 објекти

26

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, од страна на индивидуални сопственици се извршени градежни работи во вредност од 12.051.498.000 денари.

Во текот на 2013 година се градеа вкупно 2.588 објекти и завршени се вкупно 4.189 станови со вкупна површина од 399.765 метри квадратни, од коишто 194 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 14.194 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 95,4 метри квадратни.

По региони, најмногу се градеше во Скопскиот регион, потоа Полошкиот, Југозападниот итн.

Во текот на минатата година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 25.698.606.000 денари. Од нив, 7.871.372.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2013 година се градени вкупно 2.176 објекти, а завршени се вкупно 2.339 станови со вкупна површина од 157.338 метри квадратни, од коишто 2.170 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 67,3 метри квадратни.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа Пелагонискиот, Вардарскиот итн.