Индустријата на видео игри во Хрватска во залет – извезува 99% забавен софтвер

28

igri

Индустријата на компјутерски (видео) игри во Хрватска е една од брзорастечките, со приходи што просечно годишно растат за повеќе од 50%, добивка за 69% и со силен тренд на раст на извозот.

Само во 2014 година, според проценките на Кластерот на хрватски произведувачи на компјутерски игри, оваа индустрија во Хрватска остварила вкупни приходи од над 6,7 милиони евра, вработила 250 луѓе, а барем уште 200 се занимаваат со ова во слободно време или како фриленсери, пишува Т-портал.

Според Кластерот, хрватските произведувачи на компјутерски игри извезуваат 99% забавен софтвер, што значи дека Хрватска како играч во овој сегмент е препознатлива на светскиот пазар.