Индустријата, сообраќајот и домаќинствата најголеми потрошувачи на енергија

26

Најголеми финални потрошувачи на енергија во текот на минатата година беа индустријата со 31%, сообраќајот со 27,5% и домаќинствата со 25% од расположливата финална потрошувачка, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупното примарно производство на енергија во Република Македонија во 2013 година изнесуваше 1.373.408 toe или 50,5% од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2013 година изнесуваше 2.721.727 toe.