Финскиот град Тампере ќе добие еколошка населба којашто ќе се простира на површина од 250 хектари. Архектонските студија Schauman & Norgren Architects и Mandaworks победија на конкурсот за редизајн на некогашната индустриска зона Хиеданранта во овој фински град, пишува Inhabitat.
Атрактивниот простор ќе биде претворен во станбена зона за 25.000 жители, којашто благодарение на циркуларната економија ќе се отворат нови работни места. Циркуларната економија претставува нов пристап којшто ги интегрира економијата и системот за управување со отпад.
Архитектите го организираат просторот така што го делат на шест блокови коишто ќе бидат меѓусебно поврзани со паркови и објекти на вода. Во овој иновативен проект посебен акцент е ставен на јавниот превоз и еколошкиот транспорт. Низ населбата ќе поминува трамвај и ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки. Проектот ќе се изведува во три фази, од 2025 до 2045 година.