
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2025 година се зголемени за 1.2 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени во групите Енергија за 1.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %.
Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 5.6 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 7.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.2 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2025 година се зголемени:
- За 1.2 % во однос на претходниот месец
- За 5.6 % во однос на истиот месец од претходната година











