
Индустриското производство во мај 2025 година е зголемено за 9.4 % во однос на мај 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст од 18.8 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11.8 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
– Производство на прехранбени производи,
– Производство на пијалаци,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на хартија и производи од хартија,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место,
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
– Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за 13.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3.
Главни поенти
Мај 2025 година во однос на мај 2024 година
- Производство на електрична опрема: +31.2 %
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место: +18.4 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +21.8 %











