Индустриското производство во март пораснало за 0,6%

13

Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 3,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,2%.

Според главните индустриски групи, производството во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1% и Капитални производи за 3,8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,1% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.

Индустриското производство во периодот јануари – март оваа година, во однос на истиот период лани бележи пораст од 3%.