Индустриското производство во ноември намалено за 4,9%

19

Индустриското производство во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намалена за 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање од 16,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21,6%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 8,5%, Капитални производи за 4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 2,3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2%.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на периодот јануари – ноември 2015 година, е зголемено за 3,4%.