Индустриското производство зголемено за 11,5% во ноември

19

Индустриското производство во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, е зголемено за 11,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи опаѓање од 1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 17,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,3%.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Капитални производи за 34,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,9%.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на периодот јануари – ноември 2014 година, е зголемено за 4,4%.