Инфлацијата во еврозоната благо се зголеми во јуни

29

Инфлацијата во еврозоната благo се зголеми во јуни, како одраз на континуиран силен раст на цените на храната и поблаг пад на цените на енергенсите паралелно со постапката за укинување на мерките за заштита од пандемијата од коронавирус, покажуваат проценките на Eurostat.

Годишната стапка на инфлација измерена со усогласениот индекс на потрошувачки цени (HICP) пораснал во јуни на 0,3%, од 0,1% во мај, пресметале европските статистичари.

Европскиот завод за статистика потсетува дека во јуни постепено се укинати голем број на мерки со кои владите настојувале да ја сузбијат пандемијата од коронавирус, особено во туристичкиот сектор.

Најмногу пораснале цените на свежа храна, за 5,9% во однос на минатиот јуни. Нивниот раст сè уште е малку побавен отколку во мај, кога скокнале за 6,7%.

Најмногу паднале цените на енергенсите, за 9,4%, во однос на минатиот јуни. Во мај скокнале скоро 12%.

Меѓу членките на еврозоната, најмногу пораснале цените во Словачка и Холандија, за 1,9 односно 1,7%. Најмногу паднале на Кипар и во Грција, за 2,5 односно 1,7% во однос на минатиот јуни.