Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го смени шефот на националната статистичка агенција Саит Ердал Дингер по објавувањето на податоците за инфлацијата.
Шефот на Националното биро за статистика Саит Ердал Дингер е мета на критики, откако на почетокот на јануари објави податоци, според кои годишната стапка на инфлација изнесува 36,1 отсто, пренесува Б92.
Ова е највисокото ниво на инфлација во Турција во последните 19 години.











