
Државниот завод за статистика измери дека инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти, а цените на мало се зголемени за 4,9 проценти.
Според објавените податоци, трошоците на живот во јули годинава се зголемени за еден процент во споредба со јуни, а цените на мало за 1,6 проценти.
Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежото и разладеното овошје за 12,6 проценти, лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 1,8 проценти, рибата и морските плодови, млекото за 0,9 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, …..
Пораст е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт, електричната енергија, услугите за сместување, домашните услуги и услугите за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување….
Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4.8 %, маслото и маснотиите за 3.6 %, жестоките пијалаци за 0.9 %, кафето, чајот, какаото за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 7.1 %, медиумите за снимање за 5.2 %, парамедицинските услуги за 4.7 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.9 %, високото образование за 2.7 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.3 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, електричните апарати за лична хигиена за 0.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека, производите за домаќинството-нетрајни за 0.4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 %.











