“Инјекција“ од 120 милијарди долари за јапонската економија

28

Кабинетот на јапонскиот премиер, Шинзо Абер даде зелено светло за пакет мерки во висина од 120 милијарди долари. Ова е најголем износ што го одвоила земјата во последните три години, а како причина за негово донесување се економските ризици поради кои централните банки на САД и Европа ги намалија каматните стапки, пишува Wall Street Journal.

Планот, исто така, е насочен и кон закрепнување од последиците што ги чувствува јапонската економија, а се поттикнати од зголемување од данокот на промет од осум на 10%. Трговијата на мало во октомври забележа пад од 7,1% во споредба со истиот период, а пад на продажбата бележи и автомобилскиот сектор.

Во пакетот мерки има и поддршка на потрошувачката поради Олимписките и параолимписките игри, чиј домаќин следната година ќе биде Токио.

Планирано е од тие 120 милијарди долари да се одвојат и средства за закрепнување на земјата од големите природни катастрофи со коишто се соочи во последните неколку години.

Фото: Pixabay