Иновациите важни за поголема конкурентност на компанииите

23

Вложувањето во нови иновативни решенија е значајно за компаниите за тие да бидат конкурентни како на домашниот, така и на странските пазари. Од Стопанската комора на Македонија истакнуваат дека инвестирањето во нови иновативни линии е значајно за компаниите и за зголемување на извозот на нивните производи, пренесува Миа.

Оттаму посочуваат дека пример за тоа е компанијата Кожувчанка која инвестирала 1,5 милиони евра во нова иновативна технологија за производство на амбалажа за водата Изворска.

Директорот на компанијата Митко Јанчев денеска на прес – конференција посочи дека со новата технологија се намалени трошоците во производствениот процес што овозможува нивниот производ да биде поконкурентен на домашниот и странскиот пазар.

“Со оваа линија во старт трошоците во производствто се намалени за 30% до 40% што значи дека конкурентноста е многу подобра и мислам дека сега можеме да понудиме наш производ на поширокиот пазар“, рече Јанчев.

Во последните години е забележано постојано зголемување на производството на вода пред се поради зголемената побарувачка на домашниот пазар. Статистиката покажува дека во 2013 година производството на вода бележи раст од 6% во однос на 2012 година. Вкупниот узвоз на вода минатата година исто така бележи раст од пет проценти, а увозот на вода има тренд на опаѓање за 27%.

Во Македонија егзистираат 26 компании кои произведуваат вода со околу 1.200 постојано вработени. Од нив, 13 се домашни и се застапни со 24 брендови на вода.