Иновативна идеја: Маички со пресликан дизајн од шахта

50

2

Магнетите што се лепат по фрижидери веќе не се “ин”. Ако сакате сувенир од некој град, можете да си купите маичка со принт на некоја шахта од местото што сте го посетиле. Токму вакви маички и торби предмети прави германската група креативни млади луѓе, Raubdruckerin.

Со притискање на облека врз шахта обложена со боја, на површината на текстилот се пресликува шарата од металот. По првите експерименти во 2006 година, Raubdruckerin почна со печатење низ повеќе држави и стигнаа до бројка од 20 градови. Целта на нивната акција, како што стои на интернет страната, е да им го сменат погледот на луѓето во однос на малите и навидум неважни работи во животот.

1

3

4

5