Иновативна заштитна бариера од поплави што заштедува пари

47

SONY DSC

Без оглед на тоа дали поплавата е предизвикана од природни непогоди или пукната цевка во домот, штетите често пати се огромни и во целост можат да го уништат просторот, а санацијата потоа може да чини многу.

hydro guard

Соочени со честите поплави, пред се, поради климатските промени, компанијата HydroGuard, одлучи да ги заобиколи скапите и неефикасни системи за заштита од поплави и неодамна ја претстави заштитата која може да се постави на било која врата за само неколку секунди и може да се користи неограничено, за разлика од вреќите со песок.

hanes floto

Ханес Флото од Велика Британија, кој и самиот два пати бил жртва од поплави, ја осмисли оваа заштитна бариера во соработка со неколку дизајнери, која е во фаза на собирање финансиски средства за почеток на производството преку платформата Indiegogo.