Иновативни воздушни перничиња поставени од надворешната страна на автомобилот

26

Фото: Press.zf.com

Германскиот производител на автомобилски делови, ZF Friedrichshafen AG претстави иновативно решение со коешто би требало да се намали ризикот од повреди на патниците во автомобилите со помош на воздушни перници.

Воздушните перничиња не се новитет во безбедносните системи на автомобилите, но она што е ново е позицијата на којашто се сместени. Ова решение ги сместува воздушните перничиња во надворешниот дел од автомобилот.

Се предвидува овие перничиња да се вградат во каросерискиот дел од автомобилот, каде што ќе бидат сместени и сензори за судири. Целосниот систем би требало да препознава ситуации во коишто би можело да дојде до судир, а непосредно пред тоа перничето треба да се наполни со воздух.

Првичните тестови на оваа иновација покажуваат дека за околу 40% се намалуваат телесните повреди на патниците при судир.