Инстант кредит со електронско одобрување – нов производ на ТТК Банка

50

ТТК Банка АД Скопје нуди нов кредитен производ Инстант кредит, со целосно автоматизиран процес на анализа и проверка на критериуми за одобрување на кредитот.

Засега производот е достапен за корисниците на електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје кои, едноставно, брзо имаат можност да обезбедат дополнителни средства до 60.000 денари, со рок на отплата до 12 месеци, со фиксна каматна стапка од 5,9% годишно, без трошоци за аплицирање и администрирање, без меница и без административна забрана.

Инстант кредитот во целост ја поедноставува и ја зголемува ефикасноста на постапката за одобрување кредит којашто се одвива во неколку фази: онлајн aплицирање за кредитот преку услугата – електронско банкарство, автоматизирана системска проверка и одобрување на кредитот; електронско известување за одобрување на кредитот преку СМС порака и е-пошта; потпишување на договорот и исплата во најблиската експозитура.

Корисниците на ТТК Банка АД Скопје имаат можност да вршат моментален увид во состојбата на сметките, да вршат плаќања за пократко време и со пониски трошоци како и да орочуваат средства без доаѓање во банка.