Институции, компании и поединци на УЈП ѝ должат 8,5 милијарди денари

13

Фото: Pexels

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави седмата Листа на должници за долгови доспеани до 31-ви март и неплатени до 30-ти јуни оваа година.

На оваа Листа објавени се 1.924 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 1.882 физички лица (помалку за 642 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.684.577.660 денари, помалку за 260.639.595 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.537.537.637 денари (помалку за 261.243.887 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 147.040.023 денари (повеќе за 604.292 денари од претходната листа).

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојните вршители на должност, што се најдоа на оваа листа, имаа долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот надминува 300.000 денари.