IntelliSTEM – сеопфатно смарт решение дизајнирано за ефикасен и профитабилен агро – бизнис

33

Деновиве на македонскиот пазар беше претставен IntelliSTEM – ново, иновативно ИКТ решение коешто им помaга на производителите во агро – бизнисот значително да го унапредат своето производство на храна и на тој начин да станат поконкурентни на пазарот.

Станува збор за нов и иновативен производ, којшто е плод на соработката помеѓу ГОРД Системи Сервиси и Футура 2/2 маркетинг и адвертајзинг агенција. Со IntelliSTEM решението тие имаа успешен настап и презентација на KATANA Crowdfunding – бизнис акцелератор спонзориран од ЕУ за визионерски претприемачи од агро – бизнисот. Во конкуренција од 650 пристигнати предлог – идеи од 24 земји, проектот IntelliSTEM влезе во првите 10 најдобри производи.

IntelliSTEM претставува сеопфатно решение, составено од интелигентни алатки дизајнирани со цел да им помогнат на агро – производителите да постигнат високо – ефикасно работење и поголем профит. Тоа успешно ги решава проблемите во многу важни области на делување: снабдување со вода и ѓубриво, градење сопствена база на знаење којашто автоматски се пополнува со податоци од терен, планирање, мониторинг и автоматизација на работните процеси што секојдневно се изведуваат од персоналот. Меѓу многубројните предности на овој иновативен производ, се издвојуваат:

  • Иновативно решение базирано на напредни IKT технологии (IoT/Internet-of-Things, Machine learning, NFC/Near Field-Communication, итн.)
  • Прецизното следење и процесирање на параметри од средината во којашто се одгледува културата (влажност и температура на почва, влажност, притисок и температура на воздух, ниво на светлина), евиденција за прилив на вода, ѓубриво и препарати за заштита, предупредување доколку нешто не е во ред со производствениот процес итн.;
  • Намалени трошоци на производство за 30% до 60%
  • Градење сопствена база на знаење со прибирање податоци од терен, којашто им помага на производителите да носат правилни одлуки во вистинско време;
  • Интерактивно и едноставно за користење, IntelliSTEM е алатка којашто овозможува увид во моменталната состојба на културите (мониторинг на параметри од околината, податоци за извршени операции – како последно наводнување, употребени ѓубрива и заштитни средства, следни чекори што треба да се преземат итн.);
  • Автоматизиран и прецизен дотур на вода и ѓубриво прилагоден на потребите на секоја култура. Ова отвора можност за производство без употреба на хемикалии како што се регулаторите за раст, што е особено важно за органското производство.

ГОРД Системи Сервиси, основана во 2006 година, се занимава со развој на иновативни решенија базирани на напредни ИКТ технологии (IoT/ Internet of Things, машинско учење, мобилни апликации итн.), додека Футура 2/2, основана во 2004 година, е една од најуспешните македонски адвертајзинг агенции, препознатлива по свежиот и иновативен пристап кон потребите на своите клиенти од најразлични индустрии.

Преку заедничката работа на IntelliSTEM проектот,  ГОРД Системи Сервиси и Футура 2/2 маркетинг и адвертајзинг агенција, обединија тим од искусни менаџери, персонал и консултанти во доменот на ICT, агро – бизнисот, маркетингот и јавните односи. Тимот за развој на софтверот вклучуваше и искусен и обучен персонал со високи познавања од областа на најновите софтверски трендови и IT технологијата, одлични комуникациски вештини и големо меѓународно искуство.