Интерактивен буквар – српски иновативен и забавен систем за учење јазик

94

10505489_513368932130118_3187019783732546838_n

Фото: Facebook

Coprix media е српски старт – ап што пред неколку години создаде интерактивен буквар за учење на мајчин јазик. Овој систем за учење комбинира апликација и уреди чувствителни на допир за да може децата полесно да ги осознаат буквите од азбуката и полесно да ги запаметат, пишува B92.net.

“Најпрво сакаме да ѝ помогнеме на оваа земја од каде потекнуваме и каде го развиваме производот, а секако да го продаваме и во остатокот од светот, што секако го правиме. Интерактивниот буквар го развиваме со наставници кои работат во основни училишта, бидејќи производот е наменет за нив и многу ни беше важно да направиме нешто што ќе им користи. Покрај нив, ангажиравме и луѓе од филолошки и педагошки факултет, како и други експерти на полето на едукацијата, за да може да овозможиме не само обична, туку употреблива иновација на пазарот“, вели Владимир Коприќ, основач на Coprix.

Системот, освен што им го олеснува учењето на децата, во исто време ги собира и анализира податоците и дава увид во нивниот напредок.

Интерактивниот буквар доби поддршка од повеќе институции во Србија, а се спроведува и пилот проект и формално тестирање на терен.