Интересни факти за Nestlé

Неколку занимливости за една од најпознатите и најпопуларните компании во светот.

6

Nestlé е бренд што го има насекаде, но глобалната канцеларија се наоѓа во Швајцарија.

Компанијата претрпе многу промени пред да биде именувана со денешното име. Две од нив беа Condensed Milk Co. и Nestle Alimentana S.A.

2

Компанијата произведува многу различни производи – флаширана вода, храна за бебиња, кафе и чај, житарици, сладолед, грицки, храна за миленичиња, слатки, млечни производи, замрзната храна и уште многу други.

Во своето портфолио вклучува повеќе од 2.000 брендови, од кои 29 се меѓу најпопуларните во светот. Некои од нив се Maggi, Vittel, Nesquik, Smarties, Nescafé, Nespresso и Kit Kat.

nestle

Nestlé има 447 фабрики во 86 различни земји во светот, вработува 333.000 луѓе и ги продава своите производи во 196 земји.

4

Во 2011 година Nestle беше прогласена за најпрофитабилна корпорација во светот и се најде на листата на Fortune Global 500.

Во 2005 година ја купи грчката фирма Delta по цена од 240 милиони евра, а една година подоцна и американскиот производител на сладоледи Dreyer’s, по што стана најголем производител на сладолед во светот.

1

Првиот производ на компанијата беше Henri Nestle’s Infant Cereal, храна за бебиња. Тоа беа еден вид на житарки, а истите беа пуштени во продажба во 1867 година.

L’Oreal е најголемата козметичка компанија во светот, а Nestle е еден од најголемите акционери во неа.

5

Nescafe, еден од најпопуларните брендови во светот, за прв пат се појави на пазарот за време на Втората Светска војна и беше еден од главните пијалоци на војската.

Фото: Nestle