Интересни факти за Нова Година

292

Новогодишната ноќ (31 декември) и новогодишниот ден (први јануари), кој означува крај на старата година и почетокот на новата година се во вторник и среда. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти од историјата и сегашноста за прославување на Новата Година.

Најраните познати новогодишни прослави биле во Месопотамија и датираат од 2000 година п.н.е. Старите Римјани го користеле први март како ден на Нова Година. Во 1582 година – Грегоријанскиот календар, кој го означува први јануари како нова година, го усвојува Римокатоличката црква. Јануари е именуван по Јанус, богот со две лица, едното гледа напред, а другото наназад. Античките Персијци за Нова Година подарувале јајца, што ја симболизираа продуктивноста.

Нова Година е време кога многу луѓе традиционално донесуваат одлуки да ги остават лошите навики и да започнат со добри.

Годишната традиција на собирање на Times Square во Њујорк за Нова година започна како забава за одбележување на отворањето на зградата на New York Times во 1904 година. Се собрале над 200.000 луѓе. На плоштадот се фрлаат 1.000 килограми конфети, а Американците пијат 360 милиони чаши пенливо вино за овој ден.

Фото: Pexels