Интернешнел Хотелс за три месеци работеше со загуба од 2,5 милиони денари

21

kontinental-580x377

Интернешнел Хотелс, од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари загуба во висина од 2.566.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото тримесечје лани, загубата достигна 7.724.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – март оваа година беа на ниво од 18.362.000 денари, додека истиот период 2015 година беа 10.865.000 денари.

“Првото тромесечје се остварени поголеми резултати споредбено со истиот период во претходната година, како резултат на зголемен обем на работа. Со оглед на тоа дека основна дејност на Друштвото е хотелско угостителска дејност, остварени се вкупни 5.937 ноќевања што е за 88,24% повеќе споредбено со 2015 година кога се остварени 3.154 ноќевања за истиот период“, стои во коментарот на билансот на успех објавен на Македонска берза.