Инвестициониот фонд Cinven се откажа од купување на Телеком Словеније

23

telekom slovenijeБританскиот инвестиционен фонд Cinven како единствен понудувач за купување на 72,75% удел во Телеком Словеније не сака да ги продолжи преговорите, пишува словенечки 24ur.com.

Веста дека Cinven  и конечно се откажува од купување на словенечкиот национален телекомуникациски оператор ја потврди и Словенечкиот државен холдинг (СДХ), којшто управува со портфолиото на државниот имот и ја води приватизацијата.

Од Cinven наведуваат дека трансакцијата повеќе не е економски исплатлива, а истата се должи и на тешката состојба на финансиските пазари, поголемите трошоци за финансирање, што негативно влијаат на целиот процес.

Оттаму сметаат дека врз основа на постоечките мерки на словенечкиот регулатор на пазарот на телекомуникации условите не ветуваат многу. Нивната одлука беше донесена и поради неповолните промени во правилата на Европската унија за меѓународен роаминг.