Инвестициски самит за Македонија

17

Македонија 2025, претставувана од членовите на одборот на директори од Македонија, г. Зоран Мартиновски, г. Минчо Јорданов и г. Живко Мукаетов, и официјално ќе ја претстави идејата и програмата на претстојниот Глобален инвестициски самит за Македонија. Самитот, кој Македонија 2025 го организира за прв пат оваа година, ќе биде одржан во Охрид од 18-21 октомври 2012. Се очекуваат учесници од Македонската дијаспора од сите континенти кои доаѓаат од различни бизнис сектори со цел да се сретнат со македонските компании и да разговараат за можности за соработка, заеднички инвестициски вложувања и заеднички пласмани.

На прес конрефенцијата ќе бидат објавени детали за работната програма, учениците на самитот, високите гости говорници како и објавување на отворена покана до сите македонски компании за учество на самитот.