Инвестирајте во вашиот дом за да ги намалите месечните трошоци!

24

moznosti

Дали имате проблеми со влагата?

Дали ви е ладно?

Имате високи сметки за струја и ви требаат повеќе дрва за да загреете само една соба, а другите соби од Вашиот дом се ладни?

Дали знаете дека со подобрување на условите за живеење во Вашиот дом го подобрувате и Вашето здравје и здравјето на Вашето семејство?

Со инвестирањето во Вашиот дом (куќа или стан), Вие ќе се чувствувате покомотно!

Искористете го брзиот и евтин кредит за енергетска ефикасност што го пласира Штедилница Можности и подобрете ги условите за живеење во вашиот дом!

Во соработка со Хабитат Македонија, преку кредитната линија Хабитат Енергетска ефикасност, Штедилница Можности пласира кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори за енергија.

Кредитот е наменет за задоволување на личните потреби на клиентите за одредени промени во домот, со што би се зголемила енергетската ефикасност на нивниот дом и со тоа ќе ги намалат месечните трошоци за греење/ладење и електрична енергија.

Средствата од кредитот можат да се искористат за:

  • Топлинска и хидроизолација на фасадата;
  • Топлинска и/или хидроизолација на покривот;
  • Топлинска и/или хидроизолација на подот кон подрумот;
  • Замена на старите и дотраени прозорци и балконски врати;
  • Користење на сончева енергија, поставување на сончеви колектори;
  • Поставување на термостатски вентили на секој радијатор;
  • Замена на сијалици од жаречки во штедливи ЛЕД сијалици.

Износите на кредитот се до 2.000 евра, со рок на враќање до 24 месеци.

Годишната каматна стапка е 7,632% (СВТ од 10,091%).

Дополнителни трошоци на кредитот се манипулативен трошок од 2%, меница од 200 денари и интеркаларна камата во зависност од денот кога се реализира кредитот.

Месечната провизија за управување со кредитот е 0%.

Кредитот се одобрува без жиранти, а отплатата е адаптирана според потребите на клиентот.

Тоа значи дека за кредит од 1.300 евра на 24 месеци и месечна рата од 58,58 евра, вкупен износ што го плаќа потрошувачот изнесува 1.431,92 евра.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk.