Инвеститорите се подготвуваат за хардверска „златна треска“ за метаверзумот

104

Кон крајот на минатата година, Sony објави дека ги здружиле силите со фудбалскиот клуб Манчестер Сити за да создаде дигитална копија од стадионот „Етихад“ за навивачите ширум светот да можат виртуелно да го посетат. Веста не беше објавена со голема помпа, велат инвеститорите, но фудбалот дефинитивно се смести во метаверзумот.

Компаниите кои учествуваат на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES) оваа недела ќе се надеваат на ваква епска интерпретација на нивните предлози, пишува Financial Times. Меѓу кандидатите е и Samsung, кој им дава шанса на потрошувачите да ги украсат своите имагинарни домови со дигитални верзии на неговите домашни апарати.

„Ова повеќе не е мода, туку добро воспоставен тренд на иднината“, рече Samsung за метаверзумот.

Според друг излагач, метаверзумот нема доволно прецизна дефиниција за некој да тврди дека е добар за инвестирање.

Но, за многумина, параметрите се веќе доволно јасни за да се предвиди голема побарувачка за одредени производи.

Конкретно, вели менаџерот на голем глобален технолошки фонд, 2022 година може да биде првата година во која инвеститорите, по децении фрустрација, ќе почнат посериозно да гледаат на очилата за виртуелна реалност.

„Инвеститорите треба да мислат на метаверзумот како ништо повеќе од дигитализација на човековата активност и револуција во сè, што сè уште не е револуционизирано“, рече Сајмон Пауел, стратег во Jefferies. Тој истакнува дека проектите во метаверзумот, како оној меѓу Sony и Манчестер Сити, ќе станат дел од речиси постојан проток на активности од реалниот свет кои се рефлектираат во сајбер-просторот.

Според него, процесот на крајот ќе бара повеќе процесори, значително поголема компјутерска моќ и уреди за носење, што ќе предизвика бран побарувачка за хардвер, споредлив со оној во раните години на паметните телефони. Производителите на компоненти како чипови, сервери, сензори, камери и дисплеи ќе имаат корист од сето ова.

„Се сеќавате на првите денови од „златната треска“ за инвестирање во Интернет на масовниот пазар. Најдобрите облози во раните фази беа во хардверот“, рече Пауел.

Тој додаде дека пазарната капитализација на Apple од 3 трилиони долари можеби веќе е поттикнат од шпекулациите дека е блиску до воведување на очила кои се револуционерни за технологијата на потрошувачите како првиот iPhone.

Значителниот пораст на цените на акциите на производителите на чипови Nvidia во САД и тајванскиот Semiconductor Manufacturing сугерира дека побарувачката за компјутерска моќ и облачни услуги поврзани со метаверзумот е веќе превисока, рече Демиен Тонг, технолошки аналитичар во Macquaire во Токио.

Една неодамнешна белешка од аналитичарите на Citigrpup наведува десетина акции, вклучително и оние на тајванскиот дизајнер на серверски чипови WiWynn и кинескиот производител на акустични компоненти GeorTek, чии производи би можеле да бидат многу барани поради апликациите на метаверзумот.

За јапонските и корејските компании кои сè уште не се на такви списоци, немирите околу метаверзумот се итен сигнал за дејствување.

„Многу корејски извршни директори имаат чувство дека ќе заостанат ако не успеат да се прилагодат на технолошките промени… па веројатно ќе бидат првите кои ќе го таргетираат метаверзумот“, рече Чои Јун-Чул, извршен директор на VIP Research and Management.

Корејските компании за игри и забава веќе почнаа да купуваат филмски и софтверски компании за да ги подобрат нивните визуелни ефекти и да ги направат нивните производи порелевантни за метаверзумот, рече Џејмс Лим, аналитичар во хеџ-фондот Dalton Investments.

„Com2uS го купи студиото WYSIWYG. Byde инвестира 3,3 милиони долари во Gianstep. Тие се обидуваат да добијат софтверски компании кои можат брзо да направат графики, доколку имаат силна содржина“, рече Лим.

За потрошувачите, типовите на хардвер што ќе го купат ќе зависат од тоа како го користат метаверзумот – дали за виртуелни канцеларии или концерти во живо, изведувани во видео игри, велат инвеститорите. Колку метаверзумот може да стане извонреден ќе зависи од квалитетот на вклучената виртуелна реалност, рече Чои.

„3D телевизорите беа лансирани со многу бучава, но побарувачката за производот се намали. Метаверзумот бара помодерна графичка технологија за да го подобри чувството за реалност. На пример, искуството на метаверзумот што го нуди платформата Zepeto на Naver не се чувствува доволно реално“, додаде тој.

Артур Лаи, технолошки аналитичар во Citigroup, тврди дека инвеститорите мора да прифатат дека метаверзумот значително ќе влијае на начинот на кој луѓето ги користат социјалните медиуми и забавата и комуницираат едни со други. Смартфонот, компјутерот и физичките интеракции ќе бидат заменети бидејќи технолошката чувствителност на гласови, движењата на очите и гестовите ќе напредуваат и очилата ја губат својата репутацијата на „глупави и тешки“.

Но, тоа нема да се случи веднаш. Дури и според најоптимистичките производители, пазарот на очила со години ќе заостанува зад пазарот на паметни телефони, коментира Лаи. „Но, не се работи за спојување на виртуелната реалност со паметните телефони. Тоа е општ фокус на попаметни гаџети кои ќе станат покомплементарни“.

Постојат различни теории за тоа каков тип на искуство ќе доминира во метаверзумот. Тие можат да варираат од виртуелна до мешана реалност, вклучувајќи содржина, целосно нереална содржина или онаа што е во интеракција со реалниот свет.

Според Лаи, инвеститорите кои гледаат на производителите на компоненти може да очекуваат да бидат инсталирани најмалку 15 камери и сензори во идните генерации очила.

Развојот на помали, помоќни и поиздржливи батерии ќе ги направи очилата полесни и поудобни за носење на подолг временски период, што е голема пречка за сегашните производи. Истакнати имиња на овој фронт вклучуваат Oculus на Meta, микро-OLED дисплеи на Sony, кои аналитичарите очекуваат да бидат клучни за идните очила на Apple и тајванскиот производител на оптички леќи Genius, рече Лаи.

Ли Кјунг-ха, извршен директор на Warp Solutions, јужнокорејски производител на безжични очила, рече дека побарувачката за апликации за метаверзумот ќе се зголеми во втората половина од годината, а масовната потрошувачка може да почека до 2023 година.

„Но, на метаверзумот му недостига смртоносна содржина, така што луѓето сè уште не се заинтересирани за тоа“, рече Ли, предвидувајќи дека оваа област веројатно нема да ги замени мобилните телефони во следните 10 години.

На крајот на краиштата, развојот на метаверзумот ќе зависи од следната генерација на лични уреди за виртуелна, проширена и мешана реалност, вели Ким Јинг-у, аналитичар во SK Securities. Тие во голема мера се потпираат на DRAM чиповите и графичките сензори – сектори во кои јужнокорејските Samsung, SK Hynix и LG Innotek се глобални лидери.

Јужнокорејските компании не произведуваат уреди за директно влегување во метаверзумот. Samsung дури го прекина производството на својот уред за виртуелна реалност во 2019 година поради слабата побарувачка.

„Сепак, компаниите како Samsung можат брзо да лансираат нов уред за да се израмнaт, ако има доволно побарувачка“, рече Ким.