Ionic Sound System – звучен систем од 3D испечатен песок

29

Фото: Deeptime

Чешкото дизајнерско студио Deeptime создаде звучен систем направен од испечатен песок со 3D технологија. Ionic Sound System се состои од три дела, два звучника што наликуваат на морски полжави и вуфер, коишто се “обвиткани“ со природна заштита од песок.

Во процесот е искористен силика песок комбиниран со специјален зацврстувач што резултира со издржливо куќиште и одлични амортизирачки својства, пишува New Atlas.

Секој звучник е печатен како еден дел и има опсег на фреквенција од 75 Hz до 20 kHz. Вуферот, којшто потсетува на морски еж, има три влезови секој со LED светилка чијашто јачина се засилува паралелно со звукот.

Звучниот систем може да се купи по цена од 3.141 евра, а само звучниците чинат 899 евра. Во продажба се достапни само 1.618 сетови.