Ipsos – возачите преферираат самостојно да ги управуваат своите автомобили

45

Групацијата за глобално истражување на пазарот, Ipsos спроведе истражување во врска со подготвеноста на луѓето да се возат во самоуправувачки возила.

Според анализата која што беше направена врз група од 20.000 испитаници од 10 различни земји, најголем дел од возачите сакаат самите да ги управуваат своите автомобили. Дури 70% од возачите уживаат кога седат зад воланот и не се заинтересирани да го отстапат управувањето на технологијата, дури и на кратки релации.

Најголема грижа на испитаниците во однос на самоуправувачките системи е безбедноста на пешаците и другите возила во сообраќајот. Речиси половина или 44% би останале целосно фокусирани на патот доколку се возат во автономен автомобил.  На глобално ниво, околу 15% од купувачите на нови автомобили, се заинтересирани за автономни алатки.

Според Ipsos, само 6% би купиле целосно автономно возило, додека 57% би се одлучиле на ваков чекор ако автономните алатки доаѓаат само како опција.

Од друга страна, пак, купувачите се прилично заинтересирани за поврзани уреди во автомобилот, особено за оние што помагаат да се одбегне сообраќајна несреќа. Најбарана во овој сегмент е алатката за предвидување на удар со автоматско кочење.

Фото: Pixabay