Исклучување од котација на акциите издадени од Јака 80 АД Радовиш

65

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 30.07.2018 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Јака 80 АД Радовиш, заради стечај на друштвото, се вели во соопштението на Берзата.

Акциите издадени од Јака 80 АД Радовиш ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од денес 01.08.2018 година (Среда).