Исклучување од котација на акциите издадени од Топлификација

31

Одборот на директори на Македонската берза, на седницата одржана на 23.11.2018 година, донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Топлификација АД Скопје, заради стечај на друштвото.

Акциите издадени од Топлификација АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 26-ти ноември.