Искористени над 60% од 4-тата кредитна линија на ЕИБ од 100 милиони евра

14

Над 60% се искористени средствата од 4-та кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија, покажуваат податоците на Македонската банка за поддршка на развојот, која ја спроведува оваа кредитна линија, пишува Миа.

Досега се повлечени вкупно шест транши од последната кредитна линија во вкупен износ од 61.731.099 евра.

На почетокот на август се очекува да се повлече уште една транша во износ од 10 милиони евра.

Со четвртата кредитна линија од 100 милиони евра досега се финансирани 303 проекти и отворени се 1.041 работни места.

Обезбедени се четири кредитни линии во износ од 350 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија со цел да им се обезбеди поевтин капитал за стопанисување и да ја зголеми ликвидноста во време на светската економска криза. Досега со овие средства се финансирани вкупно 1.522 проекти и отворени се 6.344 работни места.