Искуства во туризмот од Словенија и Италија да се применат и во Македонијa

25

Министерството за економија и УНИДО денеска организираат работилница Кластери во туризмот, продуктивни индустрии и регионален развој, како дел од проектот Промовирање на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија.

Целта на оваа работилница е да се споделат искуства од две успешни студии на случај, од Словенија и Италија, и да се истражи потенцијалот за нивна реализација во регионот на Охридското Езеро и Тиквешкиот регион.

Воведно обраќање и претставување на проектот ќе имаат Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија и Аднан Шариќ, менаџер на проектот.