Исплатени 32% од откупеното грозје

20

Околу 32% од грозјето откупено минатата година е исплатено, а бидејќи последниот законски рок за исплата на родот на лозјата обран лани е крајот на април, во секој момент очекуваме да стартува ударниот шпиц во исплатата на грозјето, изјави денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари од Кавадарци.
“Некои од винариите целосно го имаат платено откупеното грозје на лозарите, некои половина, но има и такви кои имаат исплатено само околу 30% од долговите кон производителите на грозје. Се надеваме дека винарите ќе го почитуваат крајниот рок за исплата на откупеното грозје бидејќи во спротивно ќе се соочат со одземање на нивната лиценца за работа”, рече Аризанов.
Тој нагласи дека од регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија постојано притискаат за да издејствуваат од откупувачите и преработувачите на грозје навремено да си ги измират долговите кон лозарите.