Првиот човек на Истанбулската берза (Borsa Istanbul), Ибрахим Турхан, објави дека за два месеци берзата ќе стане партнер со една од најголемите светските берзи.
Турхан претходно изјави дека Берза Истанбул преговара за склучување партнерство со Лондонската берза, NYSE Euronext, Nasdaq и германската берза (Deutsche Bourse).
И покрај глобалната финансиска криза, просечниот раст на Турција во периодот меѓу 2002 и 2012 година изнесуваше 5,1%, вели Турхан, додавајќи дека Турција се повеќе се интегрира со глобалните пазари.
“Во времето на криза, немаше ограничувања на странскиот капитал наметнати од страна на Владата. Немаше екстра даноци и не се правеше разлика меѓу странските и домашните компании, исто се третираа”, вели Турхан, пренесуваат турските медиуми.