Историски договор: Даночните раеви заминуваат во историјата – што тоа му носи на светот

93

Новата одлука на групата 20 најразвиени земји во светот (Г20) на самитот во Рим за реформа на меѓународниот даночен систем, со која се воведува минимален корпоративен данок од 15% на добивката на мултинационалните компании, веќе е оценет како историски. Се очекува да им застане на патот на затајувачите на данок и во историја да ги испрати даночните раевои со нула или многу ниска даночна стапка, примамливо за регистрација на многу компании.

Даночните раеви заминуваат во историјата

Заслуга за укинувањето на даночните раеви, за кои најчесто само повремено се зборуваше, несомнено ќе има Ковид -19, чија пандемија ги испразни државните буџети на најразвиените земји, а буџетските дефицити се зголемија поради финансиската поддршка на стопанството и граѓаните.

Се проценува дека одлуката на Г20 ќе им овозможи на земјите да заработат дополнителни 150 милијарди долари.

Покрај минималната даночна стапка која ќе треба да се плаќа насекаде, новина е што фирмите ќе плаќаат данок на добивка и во државата во која работат и остваруваат добивка, а не само каде се регистрирани. Целна група се компании кои во светот остваруваат промет од над 20 милијарди евра и кај кои рентабилноста е поголема од 10 проценти. Тој праг може да падне на 10 милијарди по седум години.

Колку е реално сето ова да заживее веќе во 2022 година, како што е договорено во Рим?

Професорот на белградската банкарска академија, Божидар Драшковиќ, потсетува дека даночните раеви доминантно се создадени пред триесетина години, кога големите светски компании од реалниот и финансискиот сектор почнаа да бараат области каде што би можеле да си обезбедат дополнителен профит за сметка на даночно затајување.

„Свеста за тоа доби политичка димензија кога процесот почна да ги погодува најразвиените земји во светот. Бидејќи нема даночни приходи, тоа се помали приливи во буџетот, поголемо задолжување на државата и буџетски дефицит, па дојдоа до идеја дека би било паметно да се постават минимални стапки на корпоративни даноци од 15 отсто и да се наметнат на сите земји во светот“, вели економистот.

Тој за Спутник вели дека има позитивна димензија за населението од гледна точка на изедначување на одредени даночни текови, но од друга страна и дека од тоа ќе имаат корист најразвиените земји во светот. Колку тоа навистина ќе биде возможно и со која брзина, ќе видиме, додава тој, наскоро.

Дали е можен брз пресврт?

„Не сум оптимист дека овој пресврт ќе се случи толку брзо, бидејќи даночните решенија, на крајот на краиштата, се прашање на националните политики, односно на политиките на секоја од државите. Доколку се ограничи на 15 проценти, тогаш како таков ќе престане да постои механизмот за привлекување странски инвеститори во земјите кои се гладни за инвестиции“, вели овој економист.