Италија планира “замрзнување“ на обврските за плаќање сметки, даноци и хипотеки

667

Властите во Италија подготвуваат низа мерки со коишто треба да се даде поддршка на земјата во борба против последиците од корона вирусот, пренесува Reuters.

Во првиот пакет итни економски мерки најверојатно ќе бидат “замрзнати“ обврските за плаќање на сметки, даноци и други видови на исплати.

Како една од мерките е ослободување од плаќање на хипотеките, а ја повикаа и Европската унија да укине дел од своите правила за да овозможи поголеми владини трошоци со цел поддршка на 60 милиони жители.

Министерот за индустрија на Италија, Стефано Патунели им ветил помош на компаниите и семејствата во вредност од 10 милијарди евра, додавајќи дека овие мерки ќе го зголемат дефицитот на нешто помалку од 3% од вредноста на БДП.

“Ќе бараме промена на правилата, бидејќи луѓето би можеле да умрат. Прашањето нема да биде дали правилата ќе бидат променети, туку како“, изјави Патунели.

Целата земја е под карантин од понеделникот, а би требало да трае до почетокот на април. Овие мерки се активирани откако податоците покажуваат дека бројот на заразени од корона вирусот продолжува да расте. По бројот на смртни случаи, Италија е веднаш зад Кина.

Фото: Pexels