Италија: Развојот на вештачката интелигенција им се заканува на 8,4 милиони работници

27

Развојот на вештачката интелигенција (АИ) им се заканува на 8,4 милиони работници во Италија, се вели во студијата објавена денеска од страна на Конфедерацијата на италијанските занаетчии (Confarartigianato).

Студијата наведува дека 36,2 отсто од работната сила во Италија „ќе ги претрпи последиците од технолошката трансформација и автоматизација“, пренесува АНСА.

Најзагрозен регион во Италија е Ломбардија, а веднаш по неа е регионот Лацио.