Италија: Се бараат алтернативи за спас на Alitalia

26

Властите во Италија бараат алтернатива за пропадната авиокомпанија Aliitalia, откако пропадна планот што вклучуваше продажба на меѓународен конзорциум, пишува Associated Press.

Италијанските власти во неколку наврати ги поместуваа роковите заинтересираните купувачи да достават понуди за Alitalia, но тоа не дало никакви резултати.

Италија во 2017 година воведе вонредна управа за компанијата, којашто продолжи со работа благодарение на државните заеми во вкупен износ од 900 милиони евра. Исто така, одобрени се дополнителни 400 милиони евра во форма на кредит којшто би требало да го “одржат во живот“ авиопревозникот до следната година.

Германска Lufthansa преговараше за преземање на Alitalia, но во повеќе наврати истакнуваа дека ќе достават понуда откако ќе се изврши темелно реструктуирање и укинување на повеќе работни места.

Фото: Pixabay