Поради пандемија и воведените рестриктивни мерки, потрошувачката во Италија минатата година беше пониска за 123 милијарди евра, соопшти тамошниот Државен завод за статистика.
Во просек, секое италијанско семејство потрошило 5.000 евра помалку од вообичаено.
Италијанците, исто така, помалку и заработувале, но ги намалија и трошоците за патување, хотелско сместување, спорт и рекреација.
Помалку трошеле и за здравје, дури 2,4 милијарди евра помалку во однос на претходната година, а на гардероба и чевли потрошиле 13 милијарди евра помалку во однос на времето пред пандемијата.
Поради зголемената работа од дома, пораснаа трошоците за струја, вода и мобилна телефонија, а повеќе се трошело за купување компјутери и мобилни телефони потребни за работа од дома.
Според проценките на заводот за статистика, намалената потрошувачка, што чини 60% од бруто домашниот производ, ќе има влијание на целокупната економија на земјата, не само оваа туку и следната година.
Фото: Pexels











