Италијански мафијаши примале државна социјална помош

43

Стотина припадници на италијанска мафија проневериле пари од државните фондови наменети за најсиромашните жители на земјата, соопшти тамошната полиција, пренесува The Local.

Сите се припадници на мафијата Ndrangheti во Калабрија, а истрагата на полицијата опфаќа богати гангстери кои биле на високи позиции во мафијата. Меѓу нив е и Алесандро Панунзи, син на италијанскиот “Пабло Ескобар“, Роберто Панунзи. Таткото Панунзи се смета за светски “брокер“ со кокаин. Тој бил познат по тоа “парите не ги броел, туку ги ставал на вага да ги мери“.

Полициските служби наведуваат дека Алесандро е сопруг на ќерката на еден од главните колумбиски производители на полицијата.

Секој од вмешаните мафијаши ќе мора да го врати својот дел од 516.000 евра украдени од државата. Инаку, богатите мафијаши поднеле барање за поддршка за примања под лажен идентитет, а полицијата истражува дали лицата кои биле задолжени за увид во документите се поврзани со криминалното подземје на земјата

Шемата за поддршка на најсиромашните граѓани, позната како reddito di cittadinza, односно приход за граѓаните е наменета за пет милиони Италијанци кои живеат под границата на сиромаштија.

Ndrangheta, која своето име го носи од грчкиот збор “храброст“, се верува дека ги надмина мафиите од Сицилија и Неапол поради трговијата со кокаин од Латинска Америка.

Фото: Pixabay