Италијанскиот премиер се откажал од платата

48

Италијанскиот премиер, Марио Драги не зема плата за извршување на владината функција, пренесуваат тамошните медиуми.

Премиерот открил дека во 2019 година имал годишен приход од 600.000 евра и дека е сопственик, заедно со други лица, на 10 згради од кои една во Лондон, како и шест парцели земјиште.

Според официјалните информации, италијанскиот премиер не поседува ниту автомобил или јахта.

Податоци за приходи и недвижнини на членови од потесното семејство на премиерот не се објавени, што според италијанските закони е право на избор и е дозволено такви податоци да се објават.

Фото: Freepik