Избор на 10 најуспешни менаџерки во Македонија

27

woman-managerФото: Pixabay

Нови десет жени од бизнисот ќе бидат прогласени за најуспешни во март годинава на 22-от избор на Топ 10 најуспешни менаџерки организиран од агенцијата Марили. Десетте топ менаџерки се веќе избрани и доаѓаат од цела Македонија, а работат во областа на консталтингот, образованието, медицината, производството, уметноста, туризмот, пренесува МИА.

Како што е најавено, годинава фокусот ќе биде ставен на здравјето и убавината во функција на соверемената жена. Како специјална гостинка е најавена српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Изборот се прави од жени менаџерки од приватнито сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности. Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.